Составот на Саша Обрадовиќ доби ново засилување во 27 годишниот О`Брајант. Американецот потпиша едногодишен договор со српскиот прволигаш.

О`Брајант има 27 години и најчесто игра на позицијата крилен центар иако добро се снаоѓа и на позицијата центар.

Тој минатата сезона играше за Локомотива а во НБА лигата беше дел од Милвоки, Денвер и Шарлот.