Македонскиот репрезентативец, Дамјан Стојановски е прогласен за МВП на 3 рунда во АБА 2 лигата.

Кошаркарот на МЗТ Скопје во победата над Рогашка постигна 18 поени, девет скокови, две асистенции и пет украдени топки и со ова заработи 29 индексни поени.

Со ова продолжи доминацијата на играчите од екипата на Ѓорѓи Кочов, предходно за најкорисни во првата и втората рудна беа прогласени, Нуни Омот и Џабари Хиндс.