Легендата на Југословенската кошарка Владе Дивац на својот Инстаграм профил објави фотографија со Пеџа Стојаковиќ и Игор Кокошков на која пишува „Среќно Игор. За жал нема да ги стигнеме подгоотовските следното лето“.

 

Со оваа слика генералниот менаџер на Сакраменто ја потврди веста дека Кокошков е новиот селектор на Србија, а во моментот е помошник тренер на Лук Волтон во Сакраменто.

Своето деби Кокошков ќе го има во февруари за квалификациите за наредното Европско првенство, а потоа на лето следува турнирот во Србија на кој „Орловите“ ќе се борат за место на Олимписките игри.