Сопственикот на ЛА Клиперс одлучи да му врачи отказ на Док Ривес кој последните седум години беше дел од клубот.

Риверс со добивањето на Ленард и Џорџ во составот требаше да го однесе тимот до финалето, барем такви биле очекувањата на управата.

По елиминацијата од Денвер и несогласувањата кои ги имал со дел од играчите, Риверс доби отказ. Неофицијално него ќе го наследи неговиот прв асистент Тајрон Лу.