Словенечкото чудо од дете, Лука Дончиќ веќе на 20 години стана една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, а игрите и популарноста на Лука не останаа незабележани од најпознатите брендови за спортска опрема.

Во моментов најблиску до спонзорски договор со кошаркарот на Далас маверикс е компанијата „Андер армор“, која во последно време најмногу „флертува“ со младиот ас. Овој спортски бренд во Дончиќ гледа идеална личност за заштитно лице при обидот целосно да се освои европскиот пазар, каде што во моментов многу каскаат во однос на конкурентите. Оваа компанија подготвува неверојатна понуда за словенецот од околу една милијарда евра, а овој договор би траел една декада.

Ако договорот се оствари тој би влегол во друштво на најголемите спортски величини како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Роже Федерер, кои заработуваат најмногу од ваков вид спонзорство.