Словенецот Лука Дончиќ го оправдува епитетот „Вондер бој“ со своите настапи во НБА лигата по неговото доаѓање од Реал Мадрид. Лука минатата сезона покажа дел од својот потенцијал и сосема заслужено ја понесе наградата дебитант на годината.

Неговите игри и бројки сезонава, Словенецот ги надгрди на максимално ниво со што влезе во трка за МВП наградата, која ако му припадне ќе стане најмалдиот кошаркар со ова признание во историјата на НБА лигата.

Имено, кошаркарот на Далас сезонава има просек од речиси трипл-дабл учинок, односно забележува 30.6 поени, 10.1 скокови и 9.8 асистенции, статистика која е најдобра на еден играч во историјата, а во прашање е само втората сезона. Вакви бројки во своите софмор сезони немале ни кошаркари како Леброн Џејмс, Коби Брајант и Кевин Дурант.