Тренерот на Далас Рик Карлајл вечерва може да смета на Лука Дончиќ на мечот против Сакраменто, изјавуваат американските медиуми.

Словенецот поради повредата на скочниот зглоб пропушти седум натпревари, а без него Маверикс забележаа три победи и четири порази. Вчера Дончиќ го одработи целосно тренингот и после него за медиумите изјави дека е спремен за мечот против Кингс.

Сепак, од тимот најавија дека Словенецот е и натаму под знак прашалник, а нема дилеми дека ќе биде дел од Ол Стар дуелот во Чикаго.