Дресот на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан кој го носел на колеџ е продаден на аукција за неверојатни 1,38 милиони долари.

Станува збор за дресот во кој Џордан одиграл натпревари на колеџ во Северна Каролина, па не е чудно што достигнал рекорден износ, поголем од било кој негов дрес во НБА лигата.

Покрај ова, дресот е дел од гарнитурата во која Северна Каролина играла во сезоната 1982/83 кога Џордан е прогласен за играч на годината во Ен-Си-Еј-Еј лигата и во кој се појави на насловната страна на магазинот Спортинг њуз по тој повод.

„Како што сама по себе кажува и финалната понуда која е прифатена, овој дрес е се она што еден сериозен колекционер сака да го има.“ – изјавил Крис Ајв од аукциската куќа Херитеџ.