Бруклин Нетс ова лето го доведоја во своите редови еден од најдобрите кошаркари во последната декада Кевин Дурант, кој потпиша четиригодишен договор вреден 164 милиони долари, иако во првата сезона нема воопшто ниту да заигра.

Информацијата во текот на претставувањето на тимот за новата сезона ја потврди генералниот менаџер на Бруклин, Шон Маркс, па така Дурант нема да одигра ниту секунда, поради повреда на ахиловата тетива, а ќе добие 40 милиони долари.

Покрај Дурант, Нетс ова лето се засилија и со Кајри Ирвинг во обидот да стигнат до шампионскиот прстен. Бруклин го игра првиот меч за сезонава на 23 октомври против Минесота тимбервулвс.