Американецот Џејкоб Вајли кој настапува за македонската кошаркарска репрезентација од денес е нов член на Сарагоса.

Вајли по настапите во Гран Канарија, сега оди во Сарагоса како позајмен играч до крајот на сезоната. Американецот со македонски пасош импресионираше во дресот на нашата репрезентација во квалификациите во Перм.

Македонскиот репрезентативец за Гран Канарија настапи на 18 меча, запиша просечно по 10,2 поени и 4,6 скока по натпревар, има 26 години и се очекува да го потврди својот квалитет и во новата средина.