Ковид-19 остави сериозен белег во формата но и во играта на МЗТ Скопје Аеродром кој вечерва загуби на домашен терен од Еуро Никел во 8 коло од домашното првенство.

Последниот период беше пресуден по конечниот епилог, гостинот постигна 33 а домаќинот 19 поени и ова беше доволно за триумф од 12 поени на аутсајдерот.

Соколов со 30 поени беше најдобриот поединец за Еуро Никел, кај домаќините се издвои Дамјан Стојановски со 26 поени.


На вториот меч од овој тремин, ФМП Академија славеше на гостувањето кај Вардар во „Кале“ со 82:79. Крстајиќ со 26 поени се издвои за победничкиот тим, за црвено-црните најефикасен бе ше Лефковски со 19 поени.

Во последниот натпревар денеска од ова коло, Пелистер го декласираше Куманово со 113:75.