Екипата на Еуро Никел е третиот полуфиналист во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Избраниците на Горан Самарџиев закажаа пресметка со тимот на Работнички откако пред малку го совладаа доста лесно тимот на Гостивар 84-75.

Кавадарчани одлично отворија и уште во четвртата минута дојдоа до двоцифрена предноста. Мијатовиќ и Рикиќ го наполнија кошот на гостиварчани и по десет минути игра резултатот гласеше 26-11.

 

Добриот ритам на Еуро Никел продолжи и на отварањето на втората четвртина, кај кавадарчани проработе и шутот за три поени па стигнаа до најголемата предност од 19 поени (37-18).

Гостивар не ги намали техничките грешки ни во третата четвртина и предноста беше константно помеѓу 12 и 20 разлика, Мијатовиќ и Дубински продолжија да го полнат гостиварскиот кош и во 29. минута предноста достигна 29 поени.

Последната четвртина требаше да биде формалност, но кавадарчани се опуштија и Гостивар за половина четвртина стопи 15 поени предност. Сепак, тимот на Јончевски немаше сили и на крај загуби со 84-75.

Најефикасни кај Еуро Никел беа Дубински и Мијатовиќ со по 17 поени, а во тимот на Гостивар се истакнаа Димчевски со 19 и Тодоровиќ со 18 поени.