Искусниот НБА кошаркар, Џеј- Ар Смит го делат часови од потпис со тимот на Ла Лејкерс во кои ќе игра до крајот на сезоната.

Контрoверзниот кошаркар доаѓа на местото на Евери Бредли кој одби да настапува за време на пандемијата од Коронавирусот.

Ова значи дека Смит повторно ќе игра со Леброн Џејмс, откако претходно соработуваа во дресот на Кливленд Кавалирс, тим во кој Смит настапуваше до пред неколку месеци, а потоа ја раскина соработката.