ФИБА ги објави земјите домаќини за кошаркарските квалификациски турнири за пласман на летните Олимписки игри во Токио.

Меѓу домаќините се наоѓаат Србија, Хрватска, Литванија и Канада. Турнирот во Србија ќе се игра во Белград, тој во Хрватска во Сплит, во Литванија во Каунас и во Канада во Викторија.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 23. до 28. јуни следната година, а место во Токио ќе обезбедат само победниците на турнирите.