Богдан Богдановиќ се наоѓа пред преселба во Пелсиванија, во тимот на Филаделфија.  Договорот на Србинот со Сакраменто му истекува по крајот на сезоната, а тој нема намера да ја продолжи соработката со „кралевите“.

Богдановиќ бара максимален договор, но неговиот сонародник Владе Дивац, не е подготвен да му ја исполни таа ќелба.

Поради тоа, во Сакраменто размислуваат да го трејдуваат Богдановиќ до крајот на месецов, а како најверојатна идна дестинација се споменува Филаделфија, која исто така сака да го врати Роберт Ковингтон кој настапува за Минесота.

Богдановиќ сезонава просечно постигнува по 14.3 поени по натпревар.