Селекторот на кошаркарската репрезентација на Франција Венсан Кол денес го објави конечниот список на 12 играчи кои ќе настапат на претстојното Светско првенство во Кина.

Франција денес загуби од Србија со 61:56, а по натпреварот селекторот го соопшти конечниот список на патниците за Мундобаскетот.

За Франција ќе играат: Франк Нтиликина, Амат Мбаје, Никола Батум, Еван Фурније, Нандо де Коло, Венсан Поарије, Матјас Лесор, Руди Гобер, Ендру Албиси, Луј Лабери, Пол Лакомб и Аксел Тупан.

На Мундобаскетот, Франција ќе игра во групата Г со Германија, Јордан и Доминиканската Република.