Иконата на шпанската и европската кошарка Пау Гасол на својот фејсбук профил објави фоторграфија на која им дава подршка на своите колеги од репрезентацијата на Шпанија кои во моментот играат против Порторико.

Постариот од браќата Гасол не настапува на Мундобаскетот во Кина поради повреда и ова за него е трето отсуство од селекцијата на Шпанија на едно големо натпреварување.