Едно од најголемите клупски имиња на просторите на поранешна Југославија и поранешен европски првак Босна од Сараево е пред згаснување.

Како што јавија босанските медиуми, клубот кој даде  многу великани на ју кошарката, меѓу кои легендардните Мирза Делибашиќ, Душко Варајиќ и Ратко Радовановиќ, поради финансиски проблеми го откажува учеството во босанската прва лига.

Претседателот на клубот Алмир Брадиќ предупреди дека пред Босна е уште пострашно сценарио и целосно згаснување на европскиот кошаркарски првак од 1979 година.