Екипата на Гостивар успеа да слави победа против Работнички во рамките на 13.коло од кошаркарската суперлига.

Работнички и Гостивар одиграа рамноправен натпревар, кој на крајот заврши во корист на гостинскиот тим.

Работнички одигра солиден натпревар и имаше шанси да го добие во своја корист , но неколкуте грешки, во финишот  меѓу кои и намерната лична грешка на Младеновиќ пресудија Гостивар да си замине триумфално од Скопје.

Драмата почна во 34 минута кога Гостивар успеа да израмни на 65-65. Николиќ со тројка го врати водството по долго време 67-68. Димчевски на три и пол минути до крајот погоди од истото место за 69-74. На 45 секунди до крајот, Работнички израмни, но Костоски постигна важна тројка за 76-79, а потоа и едно слободно фрлање го запечати триумфот на гостите.

МЗТ Скопје лесно дојде до победа по поразот од Работнички во дербито на колото, на домашен терен го совлада Вардар со 82-66 за 11 триумф оваа сезона.