Џејмс Харден е неверојатен, одигра супер натпревар за Бруклин, неговиот тим запиша победа против Сан Антонио со 122-113, за „брадата“ ова беше историски натпревар.

На мечот со Сан Антонио, Харден постигна трипл-дабл, 30 поени, 15 асистенции и 14 скока, што е уште поважно, средбата ја заврши без ниту една загубена топка.

НБА од 1977.78 води индивидуална статистика за секој натпревар, Харден е првиот кој запишал 30 поени, 15 асистенции и 14 скока и ниту една загубена топка на еден меч.