НБА франшизата на Хјустон Рокетс во понеделник ќе ги отвори салите за кошаркарите кои сакаат да започнат со тренинзи. За напомена, овие тренинзи нема да се морални.

Останува да се види кога тимовите ќе започнат да тренираат со „полна пареа“, а веќе е познато дека пред продолжението на сезоната, тимовите ќе имаат можност за подготовка две до три седмици порано.

НБА лигата е прекината на 11.март, кога центарот на Јута Џез, Руди Гобер беше позитивен на КОВИД-19, а САД се најпогодената држава во светот со скоро 1,5 милиони заболени од Коронавирусот.