Столбот на одбраната на Хјустон, Клинт Капела не е веќе дел од тимот од Тексас и кариерата ќе ја продолжи во Атланта. Како и што се очекуваше утринава се случи трејд меѓу тимовите на Хјустон, Атланта, Денвер и Минесота, а ваков масовен трејд се нема случено од далечната 2000 година.

Покрај Капела, тимот на Атланта се засили и со ветеранот Нене Хиларио, а Хјустон го доби Роберт Ковингтон од Минесота. „Тимбервулс“ за возврат ги добија кошаркарите на Денвер Малик Бизли и Хуанчо Ернангомез како и пик од првата рунда на драфтот од Аталанта. Нов соиграч на Јокиќ во Денвер ќе му биде Џералд Грин, а Нагетс го добија и прв пик на драфтот од Хјустон.