Спортските аналитичари кои работат за официјалниот сајт на НБА лигата ги избраа најдобрите пет играчи кои ја одбележија минатата деценија во најдобрата кошаркарска лига на светот.

Земени во предвид се резултатите постигнати од сезоната 2009/2010 крајот на минатата натпреварувачка сезона 2018/2019. Во најдобрата петорка се: Стеф Кари, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Кавај Ленард.

Во вториот тим се: Крис Пол, Расел Весбртук, Ентони Дејвис, Блејк Грифин и Кармело Ентони.

Третиот најдобар тим за минатата деценија го сочинуваат: Двејн Вејд, Коби Брајант, Пол Џорџ, Ламаркус Олдриџ и Јанис Адетокумбо.