Македонската кошаркарска репрезентација во составот кој по сите проблеми го скрои селекторот Александар Тодоров вечерва ги почна мини подготовките за претсојните квалификациски мечеви за плсман на Европското првенство.

По давата порази на стартот на калификациите од групата„Б“ за пласман на Евробаскетот во 2022 година, Македонија е пред императив од две победи во Талин, за да остане во игра за пласман на завршницата.

Прв противник на избраниците на Александар Тодорор е Италија на 28 ноември, а два дена подоцна Македонија игра против домаќинот Естонија.