Кошаркарите на Кожув за прв пат го совладаа Работнички во домашното првенство по пауз од четири години, откако денеска славеа со 81:78.

Гостинот имаше пад во играта само во третиот период, во останатите три четвртини беа подобриот тим а воедно е поефикасен.

Николовски средбата ја заврши со 29 поени и 5 скокови, тој беше најдобриот поединец кај поразените.



За Кожув се издвоија Силаџи со 18 поени и 7 скокови, Станојевиќ со 17 поени и 10 скокови а одличен беше и Младеновски под обрачите со девет скокови и 13 поени.