Кошаркарите на Куманово по пауза од пет години забележаа победа на гостувањето во Скопје, откако славеа над МЗТ Скопје со 83:76 во заостанатиот меч од 20. коло.

Кумановци одиграа фантастично второ полувреме (51-37), а особено беа шутерски расположени во последната четвртина во која постигнаа дури пет тројки, со кои не само што ја достигнаа предноста на противникот, туку постојано ја имаа резултатската иницијатива.

МЗТ може да жали за пропуштената шанса и за водството кое го имаа речиси 30.минути но на крајот сепак не успеаа да забелажат триумф со кој ке се искачеа на второто место во разигрувањето во плеј-офот за титулата.

Стојановски со 16 и Адем Мекиќ со 13 поени беа најпрецизни кај МЗТ, додека Отис Ливингстон со 20 поени и 11 асистенции и Александар Андрејевиќ со 17 поени беа најефикасни кај Куманово.