Промоцијата на новиот дрес на црвено-белите ја проследи и кошаркарот Огњен Кузмиќ кој за првпат се појави во јавноста по тешката сообраќајна несреќа кон средината на јули, а во која се здоби со повреди на главата и градниот кош.

Неговото заздравување се одвива добро, а најголемо внимание предизвика откако вчера се појави со соиграчите на претставувањето на новот дрес.

Новинарите ја искористија можноста да го прашаат и дали наскоро ќе се врати на паркетот.

„Мислам дека датумот на враќањето е прашање за докторите. Мило ми е што бевте со мене. И навивачите и сите во клубот.“ – кусо изјавил кошаркарот.