Поранешниот соиграч на Леброн Џејмс од Кливленд, Дион Вејтерс и официјално е нов кошаркар на Ла Лејкерс.

Искусниот бек повторно ќе соработува со „кралот“, а доаѓа од редовите на Мајами каде во последната година добива малку шанса пред се поради проблемите надвор од кошаркарските терени. Вејтерс во својата кариера покрај Мајами и Кливленд го носеше дресот и на Оклахома.

Покрај Вејтерс, во разговори „езерџиите“ се и со ветерано Џеј-Ар Смит, кој е без ангажман од почетокот на сезоната.