Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаат една цел да го поминат Портланд и потоа да продолжат со настапите во НБА плејофот во обидот да стигнат до титулата во НБА лигата.

Доколку успеат во својата првична намера на останатите натпревари од разигрувањето за титулата ќе настапуваат во дресови кои беа креирани од Коби Брајант пред две години.

Со ова ќе се обидат уште еднаш да искажат почит кон легендатата која почина во јануари оваа година.