Леброн Џејмс од вечер во вечер руши рекорди кои го зацврстуваат како еден од најдобрите во истроијата на кошарката. Синоќа во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 114-110 над Њу Ореланс, постигна 29 поени и со тоа ја надмина границата од 33.000 поени во кариерата.

Тој сега има точно 33.008 поени што го прави само четвртиот играч во НБА историјата со вакво постигнување.  Пред него се наоѓаат Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун и Коби Брајант кои успеаале да ја достигнат оваа бројка, а во текот на сезоната се очекува на вечната листа на стрелци да ја престигне „Црната мамба“.