Селекцијата на Литванија ја запиша и втората победа на Сп во Кина по победата над Канада со 92-69. Литванците во текот на целиот меч ја имаа контролата врз резултатот, пред се поради одличната одбрана и обезбедија пласман во втората фаза.

За Канада ова беше втор пораз со што го завршија светското првенство и се едно од најголемите разочарувања во досегашните дел од првенството. Вредно е да се напомене дека канаѓаните еа хендикепирани со отказите на голем број НБА ѕвезди.

Во следното коло Литванија игра против Австралија во борба за првото место во групата, додека во дуелот на „отпишаните“ Канада ќе се соочи со Нов Зеланд.