Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ се најде во „Тимот на деценијата“ на Евролигата. Младиот плејмејкер, пред преселбата во Далас Маверикс, за само три сезони остави голема трага во европскиот гигант Реал Мадрид.

Дончиќ доминираше во дресот на „кралевите“, а сезоната 2017/18 ја заврши со индекс од 21,6 што е десетти најдобар во последните десет години во Евролигата.  Следната сезона  Дончиќ со своит 18.години беше МВП на Евролигата и се искачи на тронот на Европа со „кралевите“.