Македонската машка сениорска репрезентација ќе има сериозен проблем во престојниот квалификациски циклус за пласман на ЕП во 2021 година.

Ова е заклучокот од одлуката на Ричард Хендрикс да ја прифати понудата од Осака Евеса и да се пресели во Јапонија.

Американецот со македонски пасош беше еден од најдобрите нашите играчи на Евробаскетот пред четири години и се очекуваше да биде дел од ростерот на нашиот национален тим во главните квалификации за Еврособирот во 2021 година.

Хендрикс играше во двете претквалификациски фази за Македонија но тоа нема да биде случај и со следниот предизвик на нашиот национален состав кој е во потрага по нов селектор.