Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години игра одлично на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Орадеа, Романија и има пет победи на пет одиграни меча во групната фаза.
Нашиот национален тим го има и најкорисниот играч на ЕП досега и воедно најдобриот поентер. Тоа е Андреј Јакимовски, кој по пет меча во просек има индекс 30 по натпревар.
Јаикомвски во просек има 21,8 поени по меч и се наоѓа на врвот на листата на стрелци, а го има и меѓу скокачите, каде е втор со 10 скока по натпревар.
Нашиот национален тим има претставник и меѓу асистентите, каде Лука Савиќевиќ со 5,8 асистенции по меч е на второто место.
Македонија во четвртфиналето на ЕП Б-дивизија ќе игра со Естонија. Најдобрите три селекции од шампионатот ќе играат во А-дивизијата на наредното ЕП.
Comments are closed for this post.