Македонската кошаркарска репрезентација ги одраборува последните подготовки пред дуелот со Естонија во воведната битка за пласман на ЕУРО 2021.

Избраниците на Александар Тодоров заедно со стручниот штаб и секако со селекторот позираа пред фотографот на КФСМ во новата гарнитура на дресови со кои ќе настапат во квалификациите.

Дизајнирани од „Спалдинг“ без изненадувања, црвена основа, жолти броеви во знакот на македонското знаме.

Македонија против Естонија игра на домашен терен на 20 февруари, додека на 23 овој месец ќе и гостува на Русија.