Нашата машка кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години замина за Удине, Италија каде ќе учествува на Европското првенство.

Подготовките ги одработија во Скопје и во Маврово а учествуваа на контролни турнири во Габрово и во нашиот главен град.

На континенталниот собир, нашата селекција ќе игра против Летонија, Израел и против Шпанија во групата Б. Во воведното коло од групната фаза, Македонија ќе игра против „Црвената фурија“ на 9 август.