МЗТ Скопје Аеродром не дозволи да биде изненаден од ФМП Академија во 6 коло од домашното кошаркарско првенство.

„Металците“ победија со 78:62 и со ова ја продолжија низата победи по оној пораз од Гостивар во третото коло.

Дамјан Стојановски со 18 поени пет скокови и 4 асистенции беше најдобриот поединец во победничкиот состав, кај поразените Херис се издвои со 15 поени.


На останатите натпревари од ова шесто коло:

МЗТ Скопје 2 – Гостивар 76:106

Вардар – Пелистер 71:95

Еуро Никел – Работнички 78:76

Кожув – Куманово – 83:63