МЗТ Скопје Аеродром го потврди ангажманот на Михаил Наумоски, помладиот син на Петар Наумоски. Крилниот играч доаѓа од Црвена Звезда а со „Металците“ потпиша две ипол годишен договор.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај.“- изјави Михаил Наумоски.

Михаил има 17 години, висок е 205 сантиметри а оваа сезона ќе ја доигра во МЗТ Скопје УНИ Банка, па во новата натпреварувачка година ќе добие шанса во првиот тим.