Сагата околу Андре Игудала и Мемфис конечно заврши, откако „Гризлис“ синоќа се ослободија од ветеранот, кој потпиша со Мајами. 36-годишниот кошаркар по доаѓањето во Мемфис не одигра ниту еден меч поради конфликтот што го имаше со раководството на овој тим и по секоја цена бараше да биде трејдуван.

Во обратен правец замина доскорашниот кошаркар на „Хит“ Џастин Винслоу. Игудала со тимот од Флорида потпиша договор на две години во кои ќе заработи 30.милиони долари.