Кочов најави, неговите избраниците одработеа а присутните во „Јане Сандански“ посведочија нова победа, четврта во низа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата.

Дербито на непоразените го доби составот предводен од Ѓорѓи Кочов со 76:69. Последната четвртина, во која „металците“ одиграа одлично во одбрана, постигнаа 19 поени а противникот запиша само осум, беше клучна за триумфот.

Со ова МЗТ Скопје Аеродром стана единствениот тим без пораз во новата сезона во АБА 2.

Дамјан Стојановски со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим. Хиндс постигна еден помалку, Крстевски мечот го завшри со дабл дабл од 11 поени и 12 скокови.

Во следното коло, МЗТ Скопје Аеродорм ќе и гостува на Сутјеска.