Кошаркарите на МЗТ Скопје Аердром ја прекинаа низата порази во АБА 2 лигата откако на славеа пред празни трибини во „Јане Сандански“ со 75:74 над Ловќен.

Со ова „Металците“ го осовија третото место на табелата што значи дека во полуфиналето од АБА 2 лигата ќе играат против Сприл кој вчера славеше над Широки Бријег и го освои второто место на табелата.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов добро се намачија за да го совладаат Ловќен кој имаше 109 секунди да дојде до изненадување откако Маслинко погоди за предност од 75:74 но во завшрната минута ипол немаше нови поени.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасне во составот на МЗТ Скопје Аеродром, Милошевиќ и Магдевски постигнаа по 15 поени.

МЗТ Скопје Аеродром, регуларниот дел од АБА 2 лигата го заврши на третото место со скор од 13 поени и 9 порази.

Во плејофот МЗТ Скопје ќе игра против Сплит а лидерот Борац оди на Сутјеска.