Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром неочекувано беа поразени од Слобода Ужице со 81:70 во АБА 2 Лигата.

По добриот влез на натпреварот избраниците на Ѓорѓи Кочов на полувреме заминаа со 37: 37.

Во третиот период противникот постигна 25 поени а МЗТ Скопје застана на 12 поени. Ова разлика од 13 поени беше недостижна а Слобода дојде и до максилмални +19 пред крајот на мечот за конечна победа од 11 разлика.

Гравет со 22 поени и 7 асистенции беше најдобриот поединец кај „металците“, Олуџоби мечот го завшри со 19 поени, додека Стојановски постигна 10 поени.