МЗТ Скопје Аеродром го совлада Младост Земун со 92:86 но и покрај ова не обезбеди полуфинале во АБА 2 плејофот.

Поразот од вовениот четвртфинален натпревар од 20 разлика, се покажа како преголем предизвик за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во денешниот реванш од плејофот во АБА 2 лигата.

„Металците“ и на денешниот натпревар како и на претходниот имаа спор влез, но покажаа карактер во вториот перион кој го добија со 26:12. Ова сепак не беше доволно за чудо, откако во второто полувреме одиграа две израмети четвртини.

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром беше Гравет со 21 поени, Карачиќ постигна 19 поени и девет скокови.




МЗТ Скопје Аеродром со елиминацијата од Младост ја загубија шансата за борба за влез во АБА лигата, па така и во следната сезона ќе играат во АБА 2.