Македонскиот кошаркарски првак, го претрпе петиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Нови Пазар со 79:70 во 21 коло од АБА 2 лигата.

Ова беше само потврда за лошата форма во која играат избраниците на Ѓорѓи Кочов во оваа календарска година.

Лошиот влез во натпреварот и катастрофалната игра во првото полувреме во нападот го чинеше МЗТ Скопје Аеродром девети овосезонски пораз во втората по квалитет АБА лига.

Нови Пазар по првото полувреме имаше предност од 48: 33 а до крајот на натпреварот успеа да остане во позитива и да слави со девет разлика.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје Аеродром беше Олуфеми Антони со 20 поени, Магдевски постигна 13 поени, по десет уфрлија Милошевиќ и Дамјан Стојановски.

До крајот на регулраниот дел од АБА 2 лигата, МЗТ Скопје има да одигра уште еден натпревар, на 11 март во Скопје гостува Ловќен од Цетиње.