Навивачите на МЗТ Скопје Аеродром имаат со што да се гордеат, судејќи по воведниот натпревар на нивниот клуб во новата сезона во АБА 2 лигата.

„Металците“ ја победија Слобода Тузла со 110:88 во натпревар во кој доминираа, го контролираа резултатот а Ѓорѓи Кочов имаше простор и посериозно да ротира во последната четвртина. Нашиот преставник во ова натпреварување постигна 19 кошеви од линијата за три поени.

Клучна во победата на МЗТ Скопје беше играта во напад во воведната и во последната четвртина.

Нуни Омот со 33 поени беше најефикасниот кошаркар во редовите на тимот од Аеродром, Дамјан Стојановски постигна 16 поени а Бојан Крстевски 13 поени.

Во следното коло избраниците на Ѓорѓи Кочов ќе му гостуваат на Спарс во Сараево, натпреварот е закажан за 8 октомври.