Актуелниот првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, го совлада Куманово со 86:71 во натпревар од 4 коло од Првата лига.

Фаворитот одигра неверојатно во второто полувреме во кое имаше можност да им даде шанса и на најмладите.

Дамјан Стојановски беше најдобриот на мечот со 25 поени, поддршка доби од Дејвис и неговите 16 поени. Кај поразените, Каплановиќ постигна 15 поени.


 

Во воведниот меч од денешната понуда, Феникс го совлада Ангели со 83:80 по едно продолжение исто така во малата сала во „Јане Сандански“.