Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 75:58 во натпревар од 4 коло во домашното првенство.

„Металците“ во денешната пресметка настапија со половичен состав но и покрај тоа немаа проблеми за да дојдат до посакуваниот триумф.

На полувреме МЗТ Скопје водеше со 46:32 по што Куманово се обиде да се врати во игра но дојде само на минус осум разлика.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најдобриот во победничкиот состав, Николов постигна 15 а Крстевски 14 поени.

За Куиманово се издвои Миладиновиќ со 14 поени, Марковски средбата ја заврши со 12 поени.