Акутелниот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје во 9 коло од прволигашката конкуреција со  82-90.

„Металците“ во воведната четвртина одиграа без многу сигурност и поради ова ТФТ два пати беше во воводство. На полувреме тимот од Аеродром замина со предност од 21 разлика, 55:34 што покажа кој е кој на мечот.

Најефиксни за победникот беше Дамјан Стојановски со 20 поени, а кај домашната екипа се истакна Ландариус Хортон со 25 поени.