МЗТ Скопје со група на млади кошаркари и без странците ги започна подгтовките за новата сезона, стручниот штаб попладнево ја имаше првата прозивка, а потоа и првиот тренинг со што и официјално беше означен стартот на подготовките.

На паркетот во салата „Јане Сандански“ се појавија Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Иван Волкановски, Ранко Мамузиќ како и Леонид Тодоровски, Бојан Стојановски и Љубиша Димитровски од  втор состав.

Недостасуваше само кениското засилување на првиот тренинг, Нуни Омот, чие пристигнување во Скопје се очекува на почетокот од следната недела.

Екипата ќе се подготвува во Скопје, каде што се планира одигрување на неколку пријателски средби меѓу кои и тие против романска Крајова, чиј тренер е поранешниот стратег на нашиот тим, Александар Тодоров. На почетокот од септември е планиран настап на турнир во Романија против домашната Орадеа и унгарски Шолнок.