Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје го победи Еуро Никел со 93-60 и ја запиша 14. победа во првенството .

МЗТ Скопје доминираше комплетно на оваа средба, во сите периоди беше во позитива, 20-13, 23-18, 23-10 и 21-19.

Седум кошаркар на МЗТ Скопје постигнаа поени, најефикасенАмериканецот Олуџоби со 23 поени, двоцифрени беа, Дамјан Стојановски со 14, Ерон 13, Крстевски 11 и Маслинко со 10 поени.